Унгарската Влада донесе одлука да ги засили своите безбедносни сили на границите на Македонија и на Србија, за да помегне во справување со зголемениот притисок од мигрантите.
Премиерот Виктор Орбан информира дека една полициска единица ќе биде испратена во Македонија, а ќе биде зголемен и бројот на полицајци и војници на границата со Србија.
Како што истакна Орбан на прес-конференција, секојдневно се регистрираат повеќе од 100 обиди за илегално преминување на унгарската граница.
Орбан додаде дека преостанатите три членки на Вишеградската група – Чешка, Полска и Словачка, се подготвени да дадат свој придонес во напорите за заштита на унгарската граница доколку бидат информирани.