Македонија 23. јуни 2020. / 13:51

Општинските совети ќе може да држат онлајн седници и по крајот од вонредната состојба

Општинските совети ќе може да држат онлајн седници и по крајот од вонредната состојба

Владата на седница ја дополни Уредбата за примена на Законот за локална самоуправа со која им се дава можност на советите на општините и Советот на Град Скопје да ги одржуваат седниците онлајн и по престанокот на вонредната состојба, во услови кога се уште се на сила препораките за заштита од Ковид 19.

Ваквата измена, како што информираат од владината прес-служба, е донесена на предлог на Министерството за локална самоуправа.