Македонија 05. март 2021. / 12:57

Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ не ги организирале протестите, луѓето се собирале самоиницијативно

Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ не ги организирале протестите, луѓето се собирале самоиницијативно

Речиси сите сведоци на денешното рочиште за настаните од „27 април“ беа едногласни во излагањето дека ВМРО-ДПМНЕ не било организатор на протестите.

Драган Петковски и Сашо Стошевски посочија дека Општинскиот комитет на партијата од Куманово немал никаква одлука за поддршка на протестите.

Стошевски исто така посочи дека немал никакков контакт со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и оти луѓето кои се појавувале на протестите не биле организирани од партијата туку доаѓале самоиницијативно.