По повод вчерашниот прес одржан од т.н. иницијативен одбор за “Промени во ВМРО ДПМНЕ” на кој што беше присутен и актуелниот градоначалник на општина Илинден Жика Стојановски, општинскиот комитет ИЛИНДЕН на ВМРО ДПМНЕ во целост се огради од постапките и делувањата Жика Стојановски како и од ставовите кои тој ги изнесе.
Сметаме дека истите се водени од личен интерес и се во спротивност со политиките на партијата и комитетот. Во таа насока истакнуваме дека не подржуваме вакви активности и постапки кои се во спротивност со статутот на партијата и истите ги осудуваме, реагира ОК Илинден.
Оттаму напоменаа дека ОК Илинден работи и функционира согласно статут, деловник, програмски документи како и донесените одлуки и утврдените политики од страна на органите на партијата : Центалниот комитет, извршниот комитет и Претседстелот на партијата.