Македонија 23. ноември 2020. / 12:32

Училишта од Гевгелија и Богданци пуштиле огласи за вработување со траење од 2 неработни дена во викенд

Училишта од Гевгелија и Богданци пуштиле огласи за вработување со траење од 2 неработни дена во викенд

Основни и средни училишта од Општина Гевгелија и Богданци пуштиле огласи за вработување со траење од два неработни дена во викенд, иако според Законот за работни односи, јавниот оглас трае минимум пет дена.

Вкупно 89 огласи за вработување на наставен кадар и библиотекари се пуштени на 20.11.2020 петок со рок до 22.11.2020 недела. Само мал број огласи се од 18 или 19 до 22 и 23 ноември.

Станува збор за училиштата: Ристо Шуклев од Негорци, Крсте Мисирков и Владо Кантарџиев од Гевгелија, Климент Охридски од Миравци, Кочо Рацин од Нов Дојран, Кирил и Методиј од Стојаково и Петар Мусев од Богданци.

-Дали станува збор за злоупотреба на службена положба и овластување и дали ова е спротивно со Законот за работни односи,?! Прашања на кои по допрен глас можат да се вклучат и проверат инспекторот за просвета и за труд, реагира граѓанин на фејсбук.

 

Организирано основните и средните училишта во Општина Гевгелија и Богданци: Ристо Шуклев од Негорци, Крсте Мисирков и…

Posted by Nikola Petrov on Monday, November 23, 2020