Македонија 25. август 2020. / 14:29

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром се огради од изјавата на поранешните функционери кои побараа вонреден конгрес

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром се огради од изјавата на поранешните функционери кои побараа вонреден конгрес

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, Дејан Митески на социјалните мрежи објави дека се оградуваат од изјавата на поранешните функционери кои побараа вонреден конгрес.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром и јас како негов претседател се оградуваме од изјавата на поранешните функционери кои побараа вонреден конгрес.
Тоа не е став на општинскиот комитет и не преставува волја на мнозинството на членови. Очигледно потребата јавно да се препукуваме преку медиуми, а суштински до партијата да нема доставено никаква иницијатива за конгрес ја открива намерата дека целта на овие луѓе е слабеење на ВМРО-ДПМНЕ, поделби и внатрешни кавги, а сето ова оди во полза на СДСМ, Зоран Заев.
Моите информации говорат дека од два обиди, скришно е снимена вчера изјавата која денес се пушта. Тоа говори дека немаат поддршка и дека целта е да се окупира јавноста со други теми додека Аеродром, Скопје и Македонија тонат.
Можеби вистинското место на ваквата изјава е пред зградата пред “Мајчин дом” каде поранешниот градоначалник Конески се говори дека има деловен простор, исто како и кумот на градоначалникот Марин, или пред хотелот во центарот на градот од каде се добиваат ваквите инструкции. Со хотелски коалиции власт не се добива, туку со чесна работа и искреност спрема граѓаните.
Ќе потсетам дека ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром заедно со сите чесни граѓани кои работеа имаше убедлива победа на последните два изборни циклуси, на претседателските и парламентарните избори.
Времето кога поединци печалеа на грбот на партијата, кога името на организацијата беше злоупотребувано за лукративни цели и кога се приватизираше името ВМРО за лични цели и интереси помина.
Ова ВМРО-ДПМНЕ, заедно со претседателот Христијан Мицкоски необременето со багажи и лични амбиции ќе донесе уште една убедлива победа.
Да живее организацијата!, напиша Митески.