Македонија 15. јули 2019. / 23:34

ОЈО: Одземен е мобилниот телефон на Јанева, но нема претрес во нејзиниот дом

ОЈО: Одземен е мобилниот телефон на Јанева, но нема претрес во нејзиниот дом

По наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корпција, одземен и е мобилниот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдуваат од Обвинителството за радио Слободна Европа.

Иако дел од медиумите објавија дека обвинителството врши претрес во нејзиниот дом, од ОЈО ја демантираат оваа вест, истакнувајќи дека одземен и е само мобилниот. Јанева денеска поднесе оставка од функцијата специјален јавен обвинител.