Охридскиот Музичар Васко Билески испрати апел до синодот на МПЦ!
„АПЕЛ!
Апелирам до Македонската Православна Црква и до нејзиниот поглавар , да го повикаат македонскиот Народ да си ја одбрани државата, да излезете на улица и да застанете гордо со својот народ, со својот народ Оче кој е очаен и му треба помош.
Тргнете напред вие светите луѓе и поучете ги грешните да се покајат, да се покајат Оче бидејќи нема поголем греф од да го издадеш својот народ. Во спротивно оче кажете ни да се одпишеме од нашата Црква и да си бараме друго чаре, бидејќи со вашето ќутење оче станувате дел од оние кои ја уништуваат Македонија, а Народот Оче тоа нема да го заборави, а каква Црква сте вие Оче кога бегате од својот народ? Така ли пишува во светото писмо?
Време е, тргнете и поведете го Народот во одбрана на својата Татковина Македонија. “
Статус на Фб. странта на Васко Билески