Македонија 30. октомври 2018. / 19:49

Охрид одби да даде пари за лекување на Сара Настеска, но изгласа обесштетување на рестораните погодени од невремето

Охрид одби да даде пари за лекување на Сара Настеска, но изгласа обесштетување на рестораните погодени од невремето

Советот на Општина Охрид не изгласа на дневен ред да се стави точката за помош за лекување на Сара Настеска од Охрид, која боледува од малиден тумор.

-Предлогот беше Општина Охрид да помогне со 1 милион денари за лекувањето, но со 17 гласа „воздржан“ предлогот не бил усвоен на дневен ред. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ претходно имале консултации– вели градоначалникот Јован Стојаноски за „Макфакс“ и додава дека советниците заеднички ја донеле одлуката.

На седницата беше изгласано да се обесштетат рестораните чии платформи беа уништени од невремето на 17 март годинава. Според неофицијални информации, сумите за отштета на рестораните се движат приближно по 1 милион денари. Советот изласа елаборатите на рестораните што имаа штети да се ипратат во Владата за да се исплати паричен надомест.

-Тоа е едноставно поради законските ингеренции на Општината. Фондот за здравство е институцијата што треба да помогне. Треба и ние да помогнеме, затоа сме организирале акции. Исто така, ако од буџетот еднаш се издвојат средства, ќе треба тоа да се прави за сите бидејќи има и други болни лица – вели Стојаноски за „Макфакс“.