Македонија 07. ноември 2020. / 20:58

Охрид ги затвори сите детски игралишта

Охрид ги затвори сите детски игралишта

Поради зголемениот број на заболени лица од Ковид-19 привремено нема да можат да се користатдетски игралишта во Охрид со цел да се избегнат групирањата и на отворено. Надлежните велат дека согласно препораките се врши целосна дезинфекција на јавните површини низ градот, кејот, пешачките патеки, просторот околу болничкиот комплекс и сите фреквентни локации .

Состојбата со коронавирусот во Охрид станува загрижувачка само во периодот од 31 октомври до 6 ноември заболени се 190 лица а голем е бројот и на починати вкупно 9. Во болницата извршена е комплетна реорганизација и адаптирани се речиси сите капацитети во борба против пандемијата додека во Кардиолошкиот завод ќе се пренаменат 100-ина кревети за лекување на пациенти заболени од Ковид-19.

Од Центарот за Јавно здравје напоменуваат дека во овој период коронавирусот е широко распространет, во локална трансмисија и со засилена активност.

Од почетокот на епидемијата во Охрид присуство на Ковид-19 е дијагностицирано кај 892 лица, а бројот на активни случаи изнесува 357.