Македонија 01. јули 2019. / 14:30

Огнен Јанески веќе не е главен уредник на ТВ 24

Огнен Јанески веќе не е главен уредник на ТВ 24

Новинарот Огнен Јанески си дал оставка од функцијата главен и одговорен уредник на ТВ 24 – дознава Економски Лидер од извори во телевизијата.

На негово место, доаѓа претходниот главен уредник, Младен Чадиковски кој во исто време е претседател на ЗНМ. Но, како што дознаваме, тој само времено ќе ја обавува функцијата.

Нашиот извор вели дека Јаневски си заминува од лични причини, но останува во медиумот на старата позиција која ја имаше пред да стане главен уредник.

Неофицијално оставката доаѓа по неодамнешната кавга на Јанески со раководството од Штип кои не биле задоволни од неговата работа и тоа што повеќе бил надворешно ангажиран на проекти, одошто што бил посветен на телевизијата и обврските што ги имал како главен и одговорен на медиумот.

Јаневски беше учесник и на геј парадата.