Македонија 01. јули 2019. / 17:35

Огнен Јанески ја потврди веста на “Лидер”: Си дадов оставка од лични причини

Огнен Јанески ја потврди веста на “Лидер”: Си дадов оставка од лични причини

Новинарот Огнен Јанески си даде оставка од функцијата главен и одговорен уредник на ТВ 24 – дознава Економски Лидер од извори во телевизијата.

Јаневски ја потврди оваа информација на Фејсбук и кажа дека ја наупушта функцијата од лични причини.

Донесувањето на одлуката е исклучиво лична, поради приватни причини, а со менаџментот на телевизијата имавме неколкучасовен разговор во кој разговаравме за иднината на телевизијата, при што ја испочитуваа мојата одлука да се повлечам од функцијата. – напиша Јаневски.

Нашиот извор вели дека Јаневски си заминува од лични причини, но останува во медиумот на старата позиција која ја имаше пред да стане главен уредник.

Неофицијално оставката доаѓа по неодамнешната кавга на Јанески со раководството од Штип кои не биле задоволни од неговата работа и тоа што повеќе бил надворешно ангажиран на проекти, одошто што бил посветен на телевизијата и обврските што ги имал како главен и одговорен на медиумот.

Јаневски беше учесник и на геј парадата.