Попладнево се случила средба помеѓу лидерите на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и ДУИ Али Ахмети, дознава „Република“.
Средбата се оддржала во Собранието и траела еден час. Било дискутирано за можностите за заедничка соработка и формирање на ново парламентарно мнозинство. Повеќе детали од средбата засега не се откриваат.