Македонија 20. јуни 2019. / 09:51

Одметнатите пратеници бараат да расправаат за Изборниот законик

Одметнатите пратеници бараат да расправаат за Изборниот законик

Осумтемина одметнати пратеници ВМРО ДПМНЕ, бараат место во работните групи за измени на Изборниот законик.

– Функцијата на Собранието во парламентарна демократија каква што е и РС Македонија треба да се надоградува. Во таа насока, време е за прашања значајни како Изборниот законик да се зборува транспарентно и со учество на повеќе страни. Пратеници, граѓански сектор, јавноста, треба да бидат дел од овој процес за истиот да заврши позитивно и како што е најдобро за демократијата. Никој нема ексклузивно право над овие значајни прашања, а нашето учество ќе го обогати процесот и ќе допринесе за поквалитетно решение. – се вели во соопштението на одметнатите.