Македонија 15. March 2019. / 14:30

Одлуката на Трамп за вонредна состојба отфрлена од Сенатот

Одлуката на Трамп за вонредна состојба отфрлена од Сенатот

Сенатот ја отфрли одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп за прогласување вонредна состојба на јужната граница со Мексико.

Ваквиот став во Сенатот беше поддржан од малцинските демократи и од 12 републиканци.  Претставничкиот дом, во кој мнозинството го имаат демократите, неодамна исто така ја отфрли оваа одлука на претседателот на САД.

Трамп веднаш најави вето на одлуката на Сенатот. Инаку, тој сакаше со одлуката за вонредна состојба да дојде до повеќе од 5 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Во случај Трамп да вложи вето, потребно е двотретинско мнозинство во конгресот за тоа да биде поништено. Спорот на крај би го решавале судови.