Гласањето во парламентот во Атина за ратификација на Преспанскиот договор е одложено за утре попладне во 14.30 часот по грчко време, односно во 13.30 по македонско време. Ова е резултат на едногласната одлука од координацијата на претседателството на грчкиот парламент.
Договорено е дебатата меѓу грчките пратеници за договорот од Преспа да трае до околу 1.30 часот по полноќ и потоа да продолжи во петок наутро, за попладнето да може да се реализира гласањето, што беше првично најавено за доцна вечерва.