Главната расправа за случајот „Рекет“ е одложена за во четврток, 23 јануари, во 10 часот поради отсуство на двајцата адвокати од одбраната на Катица Јанева.
Адвокатот Вељо Кадиев има доставео медицинска потврда дека се наоѓа на болничко лекување на Инфективната клиника, додека канцеларијата на Ирена Фрчковска до утре треба да поднесе медицинска документација и за нејзината здравствена состојба.
Првото барање за одложување на главната расправа било поднесено на 15 јануари, а денеска е доставено и второто.
На денешното рочиште, како еднствен сведок беше повикана поранешната специјална обвнителка, Лиле Стефанова, која пред почетокот на рочиштето, неофицијално се пожали дека нема добиено официјална покана за присуство како сведок на денешното рочиште и дека дошла во Судот по телефонски разовор со шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, Вилма Рускоска.
Неизвесно е дали расправата ќе продолжи и во четврток, затоа што не е јасно поради каква нарушена здравствена состојба, адвокатката Фрчковска е оневозможена да присуствува на рочиштето.