Македонија 04. јуни 2019. / 13:49

Одложен состанокот за прекугранична соработка во Солун

Одложен состанокот за прекугранична соработка во Солун

Квадрилатералната средба, односно петтиот состанок за прекугранична соработка на министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Бугарија и домаќинот Грција, закажан за 10 и 11 јуни во Солун е одложен, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Министерството за надворешни работи на Грција, дополнително ќе биде соопштен новиот термин за одржување на состанокот.