Македонија 01. април 2019. / 11:26

Одложен првиот дуел меѓу Силјановска и Пендаровски

Одложен првиот дуел меѓу Силјановска и Пендаровски

Одложен е првиот дуел од изборната кампања помеѓу претседателските кандидати Гордана Силјановска и Стево Пендаровски, кој требаше да се случи утре на телевизија Телма. Како што дознава „Фокус“ дуелот бил одложен по барање на Силјановска.

Кандидатката за претседател, инаку, изминатиов период постојано го повикуваше Пендаровски на тв дуел. Од ВМРО-ДПМНЕ неколку пати му порачаа на Пендаровски да не бега од телевизиско соочување.

Остануваат до сега договорените дуели меѓу Силјановска и Пендаровски на 12 април на МРТ, на 14 април на Сител и на 17 април на ТВ Алсат.