По изрекувањето на пресудата на Никола Груевски и Ѓоко Поповски, во изјава за медиумите одбраната истакна дека е незадоволна од донесената одлука на судот и ќе поднесат сериозна жалба.
-Како одбрана во овој предмет силно жалиме што Основниот суд Скопје 1 не ја прифати нашата силна аргументација која со леснотија ќе го победеше овој суд при изрекување на пресудата да донесе ослободителна пресуда. Не само тоа, но да донесе ако милуваше така, одбивателна пресуда. Од причина што не постојат услови за кривично гонење на ниту еден од обвинетите. Сигурно сме незадоволни и ќе вложиме сериозна жалба против ваквата пресуда на овој суд, истакна Димитар Дангов, еден од адвокатите на одбраната.