Македонија 21. февруари 2020. / 10:49

Одбраната ги немала сите докази: Одложено судењето за 27-ми април

Одбраната ги немала сите докази: Одложено судењето за 27-ми април

Судењето за настаните од 27 април се одложи. Причината е тоа што на одбраната на обвинетите не им биле доставени докази. Иако обвинителката Вилма Рускоска негодуваше, судијата Илија Трајков тоа го прифати.

Одбраната исто така достави поднесок во кое бара Обинителството да објасни во која насока се водени разговорите пред 27-ми април. Следното рочиште е закажано за 26 февруари во 11 часот.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Според ОЈО, осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на 27 април.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.