Основниот кривичен суд Скопје ги одби како неосновани барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени во случајот „Рекет“.
– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлози на обвинетите К.Ј. и Б.Ј., поднесени од нивните бранители, за укинување на мерката притвор определена со решенија на судии на претходна постапка, ценејќи
ги фактите и околностите во предлозите донесе решенија со кои: -Предлогот на обвинетата К.Ј. за укинување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжена со решнија на кривичен совет, поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т.1 од ЗКП, со прифаќање на гаранција или определување на мерки на претпазливост – се одбива како неосновано. Предлогот на обвинетиот Б.Ј. за укинување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжена со решенија на кривичен совет, и замена со поблаги мерки за претпазливост – се одбива како неосновано – се наведува во соопштението од Кривичниот суд.
Kако што стои во соопштението, pротив овие решенија странките имаат право на жалба во рок од три дена до Апелацискиот суд – Скопје.