Македонија 20. септември 2019. / 14:59

Одбиена гаранцијата во имот – Јанева останува во притвор

Одбиена гаранцијата во имот – Јанева останува во притвор

Катица Јанева останува во притвор, односно судијата на претходна постапка ја одбил понудената гаранција во имот, а и обвинителката Вилма Русковска дала негативно мислење, односно инсистирала Јанева да остане во притвор.

Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека, до судија на претходна постапка кој постапува по предлог на одбрана на К.Ј. за укинување на мерката притвор и определување гаранција, денеска е доставено негативно мислење од Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по однос на предлогот.

По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција се отфрла како недозволен, а предлогот за определување мерки за претпазливост се одбива како неоснован, информираат од Кривичниот суд.