Македонија 08. август 2018. / 18:22

Од утре стартува увидот во избирачкиот список

Од утре стартува увидот во избирачкиот список

Од утре избирачкиот список ќе биде на јавен увид – процесот ќе трае до 23-ти август. Граѓаните ќе може да извршат проверка преку интернет страницата на ДИК или непосредно во канцелариите на државната изборна комисија. Останува прашњето дали ќе успее да се прочисти избирачкиот список од бројните неправилности.

Од ДИК, објаснуваат дека гласањето во дијаспората ќе се одржи на 29 септември. ДИК ќе ги отвори гласачките места во сите дипломатски и конзуларни претставништва каде ќе се пријават најмалку 10 гласачи.