Македонија 14. март 2020. / 20:14

Од утре ќе работат само маркетите и аптеките: Кафулињата и рестораните ќе вршат достава

Од утре ќе работат само маркетите и аптеките: Кафулињата и рестораните ќе вршат достава

Министерот Венко Филипче  информираше дека Главниот координативен кризен штаб ќе работи во нов состав, на чело со премиерот Спасовски и претставници на други надлежни институции.

Забранет е влезот на сите странски државјани и од земјите со среден ризик. Само МВР може да даде дозвола за влез на овие лица ако има посебен државен и економски интерес, а донесена е одлука да биде затворен Охридскиот аеродром.

Во трговските центри ќе работат само супермаркетите и аптеките.

Се забранува работата на сите кафулиња, ресторани, обложувалници, казина, но локалите што продаваат храна ќе  можат да се вршат телефонски нарачки и достава.

Министерството за здравство од секој македонски државјанин што доаѓа од високоризичните и средноризичните земји ќе бара да потпише писмена изјава дека ќе биде 14 дена во самоизолација.

„Да ја повторам препораката дека се со седење дома се помага да се зачува јавното здравје“, рече Филипче.