Македонија 23. септември 2019. / 22:15

Од СОНК бараат 25% повисока плата, МОН не се согласува

Од СОНК бараат 25% повисока плата, МОН не се согласува

Синдикатот за образование, наука и култура СОНК не се откажува од барањето за зголемување на платите за наставниците за 25% од јануари идната година, пренесува Алсат.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека последната средба со МОН завршила без договор. Според него, за тоа дали ќе има штрајк или не зависи од Министерството, односно од исполнувањето или неисполнувањето на барањето на синдикатот. Според Неделков, синдикатот сè уште не одлучил за формата на протест.

Министерството за образование останува на ставот дека не може да има зголемување на платите без претходно да се разгледаат сите параметри и конкретни податоци. Министерот Адеми вели дека со зголемување на септемвриските плати од 5%, наставниците во споредба со август минатата година имаат за 10% повисоки плати.

Штрајк се организира кога нема решение. Ние велиме дека нудиме решение и имаме решение. Во иднина ќе има зголемување на платите, но откако ќе се разгледаат сите параметри и податоци – изјави Арбер Адеми, министер за образование.

Поради незадоволство од малите плати, СОНК на почетокот на школската година на 2 септември организираше предупредувачки штрајк и на Владата ù даде рок од еден месец да дозволи покачување на платите во образование за 25%.