Oд следната недела ќе треба да почнат со работа пунктови за тестирање во рамки на Здравствениот дом во Скопје за да се опфатат поголем број граѓани.
Министерот за здарвство Венко Филипче информира дека то се прави затоа што веќе има локална трансмисија во главниот град.
Целта е да се стигне до сите првични контакти затоа што тоа се најризичните луѓе кои можат да се во највисок процент заразени и да ја шират заразата. Тоа ќе биде целта и на дополнителното тестирање кое сакаме да го почнеме со почетокот на следната недела. Значи да се прошири на дел од асимтоматските пациенти кои се во најризичните групи. Затоа е многу важна свеста на граѓаните посебно на оние кои биле во контакт или оние знаат дека можеби се во ризична група. Сметам дека тоа е исклучително важен дел во целиот систем на борба против вирусот – нагласи Филипче.
Тој додаде дека постојат случаи кога граѓаните не ги почитуваат мерките на самоизолација, но, како што рече, тоа ќе биде најстрого санкционирано.