Македонија 28. септември 2018. / 21:27

Од РЕК смируваат: Експлозијата беше краток спој, Лидер е во право, Блок 2 не работи

Од РЕК смируваат: Експлозијата беше краток спој, Лидер е во право, Блок 2 не работи

Во РЕК Битола денеска во 15 и 20 часот дошло до краток спој во една од ќелиите за висок напон на Блокот 2, соопштуваат од РЕК Битола, отфрлајќи ги информациите дека настанала експлозија. Денеска, околу 15:20 часот дојде до „куса врска” (т.н. краток спој) во една од ќелиите за висок напон на Блок 2 на РЕК Битола.

Како последица на оштетувањето на осигурачите на командниот напон, Блок 2 на РЕК Битола испадна од мрежата на електроенегетскиот систем, наведуваат во соопштението.

Лидер претходно објави дека експлозија се случила попладнево во РЕК Битола и во моментов целосно е излезен од функција вториот блок на централата, и тоа се потврдува во најновата информација од комбинатот.

Од компанијата додаваат дека санацијата на оштетените делови е во тек и Блок 2 на РЕК Битола ќе биде повторно ставен во функција уште во текот на вечерва.