Македонија 27. март 2020. / 15:48

Од понеделник до Инфективна ќе се поставува подвижна болница

Од понеделник до Инфективна ќе се поставува подвижна болница

Од понеделник ќе почне поставувањето на подвижна болница непосредно до Инфективната клиника во Скопје на местото каде се наоѓаше студентскиот дом Медицинар, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Реализацијата е во договор со Министерството за одбрана.

Мобилната болница е на македонската армија. Таа располага со 130 кревети, соодветни тушеви и санитарни јазли, а ќе има и „сува врска“ со Инфективната клиника.