Мила Царовска, министерката за образование, на својот профил на социјалните мрежи им порача на граѓаните да ги избегнуваат содржиноте креирани и превземени од групата на Фејсбук под името „Од нас за нас“. Според министерката, станува збор за лажни вести за сексуалното образование.
-Категорично ги демантирам невистините проширени од фб групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното обарзование. Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем. Ги повикувам граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем, вели Царовска.
Таа побара администраторите на оваа група да поднесат одговорност за креирање на лажни вести.
-Прикажаните текстови и илустрации кои се прилепуваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни материјали предвидени за нашата земја. Барам одговорност за лажните вести кои се тенденциозни, со намера да шират паника и да ја манипулураат јавноста, а за постигање на цели кои немаат никаква допирна точка со унапредување на образованието, додава министерката.
Од „Нас за Нас“ пак, ја демантираат министерката Царвоска, и велат дека нивната цел не е да шират паника и да ја манипулираат јавноста туку да ја информираат за агендата на сеопфатното сексуално образование преку искуството на другите земји.
-Препорачуваме министерката Мила Царовска внимателно да ја прочита целата објава пред да шири лажни и невистинити информации.
Целиот пост, објавен од страна на здружението ОД НАС ЗА НАС можете да го прочитате на следниот линк: www.facebook.com/odnaszanas/posts/449860269723730
Па, вие самите одлучете кој ја лаже и манипулира јавноста!, напишаа тие.