Македонија 15. јануари 2021. / 19:38

Од мојот најсреќен ден направија пекол: Трогателно сведоштво на родилката која остана без органи

Од мојот најсреќен ден направија пекол: Трогателно сведоштво на родилката која остана без органи

Од мојот најсреќен ден докторите во струшката болница направија пекол, вели родилката која остана без органи по породувањето. Потресната приказна ја раскажа на телевизија  Сител. 

Влезот во операционата сала, вели таа,  е последното нешто на што се сеќава Јилдиз. По 10 дена во кома се разбудила на скопските клиники кога дознала дека нема матка, јајник и еден бубрег.

Семејството Веаповски се сомнева дека целиот процес на породување наместо докторот Мухамед Асани го вршел неговиот син кој му бил асистент и се сомневаат дека тука некаде настанала грешката. Ангажирале адвокат кој сега подготвува кривична пријава за директорот на струшката болница, докторот Мухамед Асани.

Целата сторија на Сител ТВ