Македонија 08. ноември 2020. / 11:21

Од ковид почина радиолог од тетовската болница

Од ковид почина радиолог од тетовската болница

Почина радиологот во тетовската клиничка болница д-р Владимир Ефтимовски.

Тој почина на 50 годишна возраст, а според информациите на неговите колеги поради компликации од Ковид-19.

-За кратко време ја изгуби битката со болеста. Се соочил со симптоми во понеделникот, а наредниот ден бил позитивен. Поради влошена состојба бил примен на болничко лекување на Инфективната клиника во Скопје и почина во саботата. Имаше неколку хронични болести, како срцева слабост и ХОБС, брифираат неговите колеги кои на социјалните мрежи ја објавија веста изразувајќи неверување и тага.

Доктор Ефтимоски работел 20-тина години во јавното здравство. Оженет и татко на две деца.