Во соопштение испратено до јавноста Фармацевтската комора известува дека почина првиот здравствен работник во Македонија од Ковид-19.
Станува збор за фармацевтскиот работник Петар Мојсоски од село Подгoрци, Струга.
Според информациите од Фармацевтската комора, тој се заразил извршувајќи ги своите професионални должности, односно додека пружал здравствена заштита на своето работно место, во аптека. Тој починал на скопската Инфективна клиника.
Фармацевтска комора на Македонија со огромна болка и тага соопштува дека на 27-ми мај 2020 година згасна животот на нашиот почитуван колега дипломиран фармацевт Петар Мојсоски од с. Подгорци, Струга.