Дојде до ненамерна грешка која се случила при варосување во објектот Даут пашин Амам уште пред околу пет години, за „Фокус“ изјавија од Националната галерија по настанот со видео-записот на нашиот евровиски претставник Васил Гарванлиев.
„Редоследот на боите на делото омаж на Андреј Рубљов од Жанета Вангели ненамерно била прикаченa со poгрешен редослед. Грешката е исправена, длабоко се извинуваме“, додаваат оттаму за „Фокус“.
Имено, по промоцијата на видео-записот, во јавноста следеа обвинувања дека во позадина на Васил се гледа уметничко дело со идентични бои како бугарското знаме. Вчера за „Фокус“, Гарванлиев појасни дека делото е посветено на Исус и дека нема никаква поврзаност со бугарското знаме. Порача дека Македонија ќе ја претставува со црвено-жолта боја и повика на солидарност.