Излезноста на референдумот на дијаспората изнесува 36,56 отсто или гласале вкупно 985 лица од 2.694 лица со право на глас, соопштија од Државната изборна комисија.
Според резултатите на ДИК во затворите гласале 64.69 отсто од затворениците со право на глас.
Од 1859 лица кои гласаат дома, односно болни и немоќни, гласачкото право го оствариле 1520 гласачи.