Македонија 09. јули 2020. / 08:30

Од денеска задолжителен ПЦР тест за влез во Македонија

Од денеска задолжителен ПЦР тест за влез во Македонија

Од денеска за влез во Македонија, државјаните од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да се приложи негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Истовремено, посетителите од овие земји треба да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.

Одлуката на Владата следи по предлогот што го донесе изутрината Комисијата за здравство по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во овие четири земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во тие земји.

Оваа мерка важи само за граѓаните на овие земји затоа што во овој момент во нив има голем број новозаразени од корона вирусот. Доколку тие само транзитираат тогаш можат да ја поминат границата без ПЦР тест.