Од денеска за влез во Македонија од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да се приложи негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
Владата вчера на седница го усвоила предлогот на Комисијата за здравство за задолжителен ПЦР тест при влез во државава од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.
Препораката што ја усвои изутрина Комисијата за заразни болести е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.