Македонија 27. мај 2020. / 10:22

Од денеска нема полициски час

Од денеска нема полициски час

Од утринава во пет часот во Македонија повеќе не е на сила забраната за движење за сите граѓани.

Полицискиот час за сите граѓани првпат беше воведен на 22 март, а оттогаш неколкупати беа променети периодите во денот во коишто беше на сила, а имаше и ситуации, (Велигден, 1 Мај, Рамазан Бајрам) кога забраната за движење тареше по цели 24 час, еден или неколку денови по ред.

Како што соопштија од Владата, во постојана комуникација се со земјите во регионот во врска со одлука за отворање на границите.