Центарот за управување со кризи одржа состанок во врска со постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, во општините Дебар и Центар Жупа за справување со ширењето на корона вирусот.
На состанокот биле презентирани планираните точни и дневниот ред кој подоцна без измени бил усвоен.
На седницата се донесен следните заклучоци:
– Се затвораат сите институции и економски субјекти освен продавници и производствени капацитети за храна, бензиски пумпи, апотеки, болници. Банките, комуналните служби и пошта да работат по скратено работно време
– Се забранаува излегување на населението од кризното подрачје, освен во случај на животозагрозувачка состојба со возило на ИМП и потврда од овластено лице од МЗ, а лицата од Дебар и Центар Жупа затекнати надвор од кризното подрачје можат да се вратат во своите домови.