Службените лица на МВР тврдат дека Јане Ченто не е присутен во неговиот дом на ден 30.03.2018г. Од 11ч. и 10мин. до 11ч. и 40мин., но камерите го тврдат спротивното.
Службените лица на МВР пристигнуваат во 11:16:50 заминуваат во 11:19:20 во нивното присуство од 3 минути и 30 секунди тие констстираат дека Јане Ченто не е присутен во неговиот дом цели 30 минути, а на камерите се гледа дека не проверуваат туку само стојат пред влезната врата. Тоа се гледа и на внатрешната безбедносна камера дека воопшто не пробале да ја отворат вратата.
Камерите потврдуваат дека во домот се присутни Јане Ченто неговата сопруга и неговиот син во 11:33:48 од неговиот дом излегува сопруга со неговиот син, подоцна во 11:46:20 излегува и Јане Ченто во неговиот двор.
Доколку службените лица на МВР постапеле праволно по законот за проверка на куќен притвор ќе утврделе дека Јане Ченто е присутен во неговиот дом. Погледнете ги снимките од камерите за да ја дознаете правата вистина…“, напиша Коле Спиркоски, таткото на Јане Ченто на својот Фејсбук профил.