Македонија 03. март 2020. / 10:42

Oд 13 вештаци во Македонија СЈО се одлучило за вештак од Србија: Тој на рочиште дошол без лиценца

Oд 13 вештаци во Македонија СЈО се одлучило за вештак од Србија: Тој на рочиште дошол без лиценца

На рочиштето за насилството во Општина Центар има пауза бидејки одбраната на обвинетите побара вештакот кој дојде од Србија да покаже дека има лиценца. Слободан Јовичиќ таква лиценнца не покажа, па судијата побара да ја обезбеди лиценцата.

За одбраната на обвинетите е спорно тоа што според член 236 став 1 од ЗКП вештачењето можат да го вршт само вештаци, запишани во регистарот на Македонија, а лицето Слободан Јовичиќ не е дел од тој регистер.

Одбраната наведува дека е зачудувачки што од 13 лиценцирани вештаци од Македонија, СЈО се одлучило за вештак од Србија.

Вештакот нема лиценца ниту пак решение дека има лиценца. Тој мора да се легитимира, тоа е неговата лична карта – кажаа адвокатите.