Македонија 28. јули 2020. / 11:19

Обвинителството влезе во ДИК – Одземена е документацијата за договорот за сајтот

Обвинителството влезе во ДИК – Одземена е документацијата за договорот за сајтот

По наредба на судија на претходна постапка, Обвинителството за организиран криминал и корупција со асистенција на Одделот за организиран криминал во МВР утринава рано влезе во Државната изборна комисија, дознава „СДК.мк“.

Одземена е документацијата од договорот потпишан по преговарање без оглас со компјутерската фирма која не успеа да го одржи и да го работи сајтот на Комисијата на денот на изборите и деновите потоа.