Македонија 24. јуни 2019. / 17:34

Обвинителството испитува дали може стражарно да го приведе реисот Реџепи

Обвинителството испитува дали може стражарно да го приведе реисот Реџепи

Обвинителството ќе испитува дали се исполнети законските основи за стражарно да го приведе поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи кој досега неколку пати не се појави во обвинителството да даде исказ за говорот на омраза кон Македонците и кон една судијка.

Од Обвинителството за Плусинфо велат дека 4 пати не се одзвал на поканата, па јавниот обвинител ќе испита дали се исполнети законските основи за стражарно приведување.

Инаку, тој е повикан на распит за изјавата дека Македонците се див народ без идентитет и за судијката која ја донела одлуката Бузаку да биде нов поглавар.

– Слушнав дека имала проблеми со здравјето. Нека почине, не ја жалам. – истакна Реџепи.