Рускоска се жали оти Дурловски е на слобода. Обвинителката поднела жалба на пресудата на скопскиот кривичен суд со која оперскиот пејач Игор Дурловски беше ослободен, пишува Алфа.
Како што дознава Алфа, Рускоска ова го направила уште пред два месеци. Од нејзиниот кабинет велат дека жалба имаат поднесено и тоа во законскиот рок, откако, како што ни објаснија, ја проучиле пресудата и констатирале недостатоци.
Според процедурата, откако жалбата е во кривичен , овој суд има рок од седум дена да ја достави до Апелација. Но оттаму не ни дадоа конкретен одговор што е со жалбата и дали е пристигната до нив. Објаснија генерално, велат дека целокупниот предмет за 27 април е даден во вишото јавно обвинителство на оценка, па потоа треба да биде доставен до нив.
И кривичен ни потврди. Уште летово целокупниот предмет за настаните во Собранието бил испратен до апелација со сите жалби и забелешки.
Жалбата на Рускоска, нема епилог засега. Таа ја оспорува пресудата на која е потпишана судијката Кацарска која го ослободи Игор Дурловски. Тој беше обвинет за “Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”, што е едно од најтешките дела според македонскиот кривичен закон.
Во пресудата тогаш Кацарска образложи дека обвинителството не успеало да ја докаже вината на Дурловски и трошоците за неговото судење ќе паднат на товар на буџетот на државата.
Светски познатиот, македонски оперски пејач Дурловски само затоа што ја пееше химната на протестите ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, помина 45 дена зад притворските решетки во Шутка, а потоа беше во домашен притвор.
За случајот 27 април судот изрече казна од вкупно 211 години затвор, од кои најблагата казна е 8 години за Никола Василевски Нинџа, а најголемата на Митко Чавков која е 18 години. Во осудените е и налачнкот Душко Лазаров кој и покрај гаранциите, заради грешка на судот се уште се наоѓа во Шутка.