Екс-заменичката на екс-шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Елизабета Јосифовска, и при стапувањето на функцијата и по нејзиното завршување во анкетните лситови нема наведено ниту личен, ниту заеднички имот. Од личен имот има само кредити!
Во анкетниот лист кога станала специјална јавна обвинителка навела дека има кредит од 600.000 денари, што бил подигнат во 2011, а рокот на враќање е 2018 година.
По завршувањето на функцијата, пак, навела дека како личен имот има кредит од 170.000 евра, подигнат минатата година, а рокот на враќање е 2042 година. Вториот кредит, пак, е подигнат годинава во висина од 600.000 денари, со рок на враќање 2026 година.
Јосифовска, според објавените податоци, како додатоци на платата додека била во редот на специјалните обвинители, добила 107.000 евра. Таа беше повикана во обвинителството да даде исказ во врска со случајот „Рекет“, зашто нејзиниот потпис стоеше на „визата„ бизнисменот Орце Камчев, осомничен во предметот „Империја“, да добие времен пасош.
Податоците од анкетните листови на Јосифовска и разликите при и по завршувањето на функцијата можете да ги видите ТУКА.