Пратеникот Трајко Велјановски и поранешните функционери Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски не сакаат да им суди скопскиот Кривичен суд туку меѓународен кривичен суд во Хаг, кој постапува за дела како геноцид, воени кривични дела, криминал против човештвото и насилен криминал, пишува Телма.
Нивната одбрана ова го побарала пред почетокот на седницата за оценка на обвинението. Мегу аргументите одбраната ги наведува неекстрадирањето на Дејан Давидовски за 27-мк април, но и одлуките на Унгарија и Грција да не ги испорачаат експремиерот Груевски и разузнавачите Грујевски и Бошковски.
Претседателот на Кривичен им одговорил дека барањето го доставиле на погрешна адреса.
Судот не може сам да одлучи дека не е надлежен и да го испрати предметот во мегународен суд, брифираат од Кривичен. За ова барање ги препраќа да се обратат до министерство за правда.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.