Македонија 19. мај 2020. / 11:25

ОБСЕ бара датум за изборите за да одреди дали ќе може да ги следи

ОБСЕ бара датум за изборите за да одреди дали ќе може да ги следи

ОБСЕ/ОДИХР се уште нема дадено потврда дека ќе ги следи изборите кои треба да се случат во Македонија, туку бара датум кога тие ќе се случат за да може да одредат дали ќе може да ги следат.

Во писмото испратено од ОБСЕ во врска со изборите, тие бараат да добијат датум за избори за да може врз основа на протоколите поврзани со здравјето и патните ограничувања да обезбедат временска рамка за да може повторно да ги распредат своите набљудувачи во Македонија.

ОДИХР е подготвена повторно да се распореди за активности поврзани со изборите, штом се утврди датумот за изборите, како и врз основа на протоколите за патни ограничувања поврзани со здравјето. Модалитетот и временската рамка за ова повторно распоредување соодветно ќе се разгледа. ОДИХР ја цени подготвеноста на Владата и на нејзините здравствени власти за блиска соработка со нас во овој поглед – стои во писмото на ОБСЕ до министерството за внатрешни работи на Македонија.