Македонија 16. јули 2020. / 01:47

Обработени 93,96 отсто од гласовите: ВМРО-ДПМНЕ 34,65 отсто – СДСМ 36,13 отсто

Обработени 93,96 отсто од гласовите: ВМРО-ДПМНЕ 34,65 отсто – СДСМ 36,13 отсто

Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија од 93,96 отсто од гласовите, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои  36,15 отсто, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 34, 65 отсто.

За ДУИ гласале  11,57 отсто, за Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица  3,96, за ДПА  1,48 и за Интегра  1,33 отсто, а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.