Македонија 31. август 2019. / 16:24

Објектот на војската во Тетово претворен во руина, а дворот во депонија

Објектот на војската во Тетово претворен во руина, а дворот во депонија

Сред центар руина. Овој објект во сопственост на Министерството за одбрана до лани беше под концесија на приватна фирма. Во меѓувреме не се најде нов концесионер, а објектот сега пропаѓа. Дворот е претворен во депонија, а местото се користи за разни девијантни појави, пренесува Телма.

Жителите кои живеат во близина на овој објект велат дека од локацијата се шири непријатна миризба. Неколку пати реагирале до надлежните да го решат проблемот, да го дадат под концесија или пак некоја од институциите да управува со него. Но оттаму не добиле никаков одговор.

Од Министерството за одбрана, велат дека објавиле оглас за издавање на објектот под закуп, но немало заинтересирани. Во моментов како што истакнаа, нивното министерство заедно со Владата ги разгледуваат сите опции за понатамошното користење на објектот.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.