Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупција. Во огласот стои дека се бараат претседател на комисијата и шест члена со мандат од пет години. Тие нема да имаат право на повторен реизбор.
Огласот ќе трае седум дена, а е објавен во дневните весници. При изборот, според новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, ќе важи принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на подеднаква родова застапеност.
Комисијата ќе мора да ја сочинуваат најмалку две жени и двајца Албанци. За разлика од порано, овој состав ќе се бира по построги критериуми. Антикорупциска комисија нема во земјава речиси една година.